[Видео] Роботот Софија во OОН говореше за вештачката интелигенција

Вештачката интелигенција има потенцијал за забрзување на прогресот на глобалните развојни цели, но исто така поставува низа комплексни предизвици, меѓу кои етичките прашања, човекови права и безбедносни ризици, посочија говорниците во Обединетите нации (ООН) на настанот одржан минатата недела каде еден од панелистите беше робот.

Момент кој привлече силен аплауз на настанот „The future of everything – sustainable development in the age of rapid technological change“ ( Иднината  – одржливи развој во ерата на брзи технолошки промени) беше разговорот на роботот Софија со Амина Џ. Мохамед, заменик генерален секретар на ОН. Погледнете го видеото во продолжение: