Ревија на кратки документарни филмови „Водата – дар од природата“

Кинотека на Македонија утре во 20:00 часот организира ревија на кратки документарни филмови „Водата – дар од природата“.

Настанот е дел од Европски денови на културното наследство, и се прави во соработка на Музејот на Македонија. На ревијата ќе бидат прикажани следниве филмови:

„Езеро од јаболка“ (55 минути) на Љубо Стефанов и Тамара Котевска, „Вирово“ (15 минути) на Мето Петровски, „Рибарството во Катлановско“( 29 минути) на Вера Кличкова „Стихија“ (14 минути) на Бранко Гапо и Трајче Попов, „Страдни од вода – страдни за вода“ (19 минути) на Трајче Попов, и „Росе од Заград“ (48 минути) на Владимир Боцев.