Ректор ги моли студентите да не сликаат „селфи“ кога дипломираат

Универзитетот Брајант во американската држава Роуд Ајленд во официјален допис ги замолува студентите да не фотографираат „селфи“ слики заедно со ректорот, Ronald Machtley, на церемонијата за доделување дипломи.

Ректор ги моли студентите да не сликаат „селфи“ кога дипломираат

Според ректорот, над 800 студенти секоја година се сликаат со него во моментот кога ја добиваат дипломата, што дополнително ја оддолжува и онака бавната и долга церемонија на доделувањето на дипломите.

Machtley вели дека со задоволство ќе се фотографира со сите заинтересирани дипломци, но само по церемонијата. На универзитетот е отворена и посебна веб-страница на која студентите ќе можат да ги постираат фотографиите со ректорот, направени пред 17 мај, кога се случува свечената церемонија.