Радио МОФ @ Скопски Џез Фестивал – Ден 4

На последниот ден на Скопскиот Џез Фестивал ги проследивме настапите на Нед Ротенберг и Саинко Намчилак, Вадада Лео Смит со Hardedge и the Necks.

Радио МОФ @ Скопски Џез Фестивал - Ден 3

Со промена на темпото, почнувајќи во 13 часот, можевме да проследиме еден релаксирачки „зен“ настап на мајсторот на дувачки инструменти Нед Ротенберг и феноменалната вокалистка Саинко Намчилак.

Радио МОФ @ Скопски Џез Фестивал - Ден 3

Ротенберг, роден на 15 Септември 1967 е Амерички мулти-инструменталист и композер, кој специјализира во дрвени дувачки инструменти. Најпознат е по својот придонес во модерната класична музика, слободните импровизации и проширените техники за дувачки инструменти. Намчилак пак родена во 1957 во Тува, е артистка најпозната по своjот моќен обертон глас, како и класичното Туванско пеење од грло.

Во киното Фросина, имавме шанса да ја посведочиме трансцендентноста на постоењето, преку комбинирање на овие феноменални артисти. Моќниот глас на Саинко, на моменти носен, на моменти носејќи ги звуците од алто-саксофонот, саксофонот, кларинетот и шакухачито, ја стави публиката во една медитирачка фаза на постоење. Музиката беше дотолку релаксирачка, што на моменти публиката како да беше во транс; седејќи ја впиваа музиката со затворени очи и блага насмевка. Во целост, настапот беше освежителна промена од познатото полноќно џез темпо и во склоп со прекрасното саботно сонце, одличен почеток на последен ден од еден феноменален Џез фестивал.

Вечерниот концерт и затварањето на овогодинешното издание на фестивалот во Македонската Опера и Балет беше препуштено на виртуозот со труба Wadada Leo Smith (надополнет со „бела тишина“ од страна на Hardedge) и култното трио The Necks.

Радио МОФ @ Скопски Џез Фестивал - Ден 3

Wadada демонстрираше еден различен пристап кон компонирањето музика кој што многу се потпира на импровизација. Тој за време на неговиот настап успеа совршено да ги врзува тишините со одлични истрели на звуци. Додека Hardedge ја воспоставуваше „тишината“, Wadada одлично ја усовршуваше атмосферата која што ги однесе присутните на едно меланхонично патување. Иако неговиот настап на моменти е апстрактен и психоделичен, овој пат, публиката будно ги следеше сите моменти од настапот, хипнотизирана од пристапот кон музиката на Wadada.

Радио МОФ @ Скопски Џез Фестивал - Ден 3

Последни на 33-от џез фестивал за оваа година беа The Necks со нивната одлична мешавина на groove, funk и lounge. Тие ја однесоа публиката во МОБ на опуштени плажи исполнети со топли и весели ветрови. Нивниот избор се состоеше од долги и длабоки композиции кои во себеси содржат различни емоции, а гостите кои беа доволно храбри да ги затворат очите и „избегаат“ од седиштата во МОБ, беа однесени на шарени места обоени одлично од нивните способности со инструментите.

Марко Ѓеоргиев

Н.М.