Работилница „направи сам без отпад“ во Социјален центар „Дуња“

„Ајде Македонија“ и Социјалниот центар „Дуња“ организираат работилница на тема како да се постигне „нула отпад“.

На работилницата ќе се зборува за тоа како да се намали негативното влијание врз животната средина и каков е животот без отпад.

Првиот дел од работилницата ќе биде како да се направи компост во домашни услови. Ќе се споделат и практични совети што треба да се направат за да се намали огромното влијание на органскиот отпад врз животната средина.

Дополнително, ќе се разговара за предизвиците на патот кон „нула отпад“ живот и практични совети како да се намали конзумирањето во секојдневнието.

Во вториот дел од работилницата ќе изработуваат столови за седење од стари автомобилски гуми и други материјали.

„Што ќе научите од овој настан:

– Како да заштедите време и пари и како да купувате само тоа што ви треба
– Ќе се здобиете совети како да ги надминете секојдневните ситуации како „нула отпад“ практичар
– Ќе научите како сами да си направи домашен компостер и да намалите до 40% од вашето домашно „ѓубре“
– За прв пат да се фатите за алат и да направите сами без отпад“, информираат од „Дуња“ и „Ајде Македонија“

//