ПСИХЕСКО објави повик за учество на студентска размена во Финска

Здружението на студенти по психолохија „Психеско“ распиша конкурс за учество на првата официјална размена во ЕФПСА ( Европската федерација на здруженија на студенти по психологија), меѓу вкупно 30 студентите од Македонија и Финска на тема „Умовите надвор од границите“.

Размената во Хелсинки ќе се одржува од 5-ти април, до 9-ти април 2017 година.

Таа ќе вклучува едукативна програма како предавања, работилници и тренинг курсеви од познати професори од Финска на теми културни разлики, психологијата на криза и траума .

Социјалната програма, пак, ќе опфаќа разгледување на Хелсинки, традиционална Финска вечера, посета на сауна и најпознатата студентска забава во Финска „The Sitz“.

Како што информираат од Здружението, еден ден ќе биде посветен и на екскурзија која ќе биде изненадување од страна на организаторите.

Цената на размената изнесува 100 евра и вклучува сместување во хостел, оброци, наставни материјали , екскурзија и социјална програма.

Патните трошоци ги покрива индивидуално секој учесник.

Електронската апликација е може да се пополни на следниот линк. Рок за пријавување е 10 јануари, 2017 година.

За сите прашања може да го контактирате Здружението на psihesko@hotmail.com.