Протестите продолжуваат во седум градови

Протестите поради незадоволството од случувањата на политичката сцена во Македонија продолжуваат и денеска. Граѓанското движење „Протестирам“ ги објави градовите во кои за денес се закажани протести против општата аболицијата на политичари осомничени од СЈО од страна на Претседателот Ѓорге Иванов.

Еве ги градовите во кои денес ќе се протестира

– Скопје, 18:00, СЈО;

– Штип, 18:00, Основен суд Штип

– Велес, 18:30, кружен тек Авона

– Тетово, 19:00, Основен суд Тетово

– Битола, 19:00, плоштад Магнолија

– Струмица, 19:00, пред Старата полиција

– Гевгелија, 19:30, пред Пензионерски дом