Протестирам денеска кон Собрание и Влада, нови протести и низ Македонија

„И денес протестираме со ‪#‎ШаренаРеволуција‬! Бараме правда, слобода и демократија. Бараме реформи за нормализирање на државата, па дури после тоа избори. Бараме мафијата да биде казнета. Бараме граѓаните да одлучуваат за иднината на Македонија!“- се вели во денешниот повик на неформалното движење Протестирам и Шарената револуција.

Протетестот во Скопје е закажан како и секој ден изминатиоте триесетина дена, во 18:00 часот пред Специјалното јавно обвинителство. Потоа, според најавите , демонстрантите ќе се движат кон Собрание, па кон Влада.

„Од оваа борба нема откажување! Нашиот избор е тоталитарно мракобесие или улица. Ние ја одбираме улицата и затоа ви порачуваме: раскомотете се, ова ќе биде пеколно лето! #Протестирам полека ќе станува #блокирам, #окупирам и секојдневно го #менувамсистемот!  Еднопартиски избори нема да дозволиме. Нема да им дозволиме ни да избегаат со украденото, а камо ли да останат во земјата несоочени со правда“, велат од Протестирам.

Освен во Скопје, денеска ќе се протестира и во Кочани, Чешиново-Облешево со блокади, во Охрид и за првпат во Неготино. Протести вечерва во 19 часот се најавени во Струмица, Битола и Прилеп.