Промоција на „Песна без зборови” од Весна Малјановска

Во Салон 19:19 при Културно-информативниот центар (КИЦ) – Скопје вечер ќе биде промовирана книгита „Песна без зборови” од Весна Малјановска.

Малјановска е музички теоретичар, педагог и новинар во културно- уметничката програма на Македонската телевизија, а нејзината книга е збир од музички приказни посветени на одредени композиции или раскажуваат за животот и делата на големите композиторски имиња.

Музичките приказни се документарно обработени и емитувани на програмите на Македонската телевизија од 2003 година до 2010 година.

Книгата ќе ја промовира Јулијана Жабева, а предвидена е и музичка изведба на камерниот хор „Херувими“.