Проекција на „Блудниот син“ и дискусија во „Артикултура“

Во Задруга „Артикултура“ во Битола денеска од 19 часот ќе се прикажува филмот „Блудниот син“ (The prodigal son).

„Татко му на Тед не му зборува 15 години. Една македонска фамилија во Австралија страда заради сексуалноста на нивниот син. Еден човек се бори за правото да биде она што е“, стои во најавата за филмот.

После проекцијата дел од протагонистите во филмот, Трајче-Тед и Ентони, ќе бидат присутни за отворена дискусија и можност од прва рака да ја претстават нивната животна приказна.