Повик за волонтери на Филозофски филмски фестивал 2017

Македонското филозофско друштво објави повик за волонтери на новото издание на Филозофскиот филмски фестивал.

Како што е наведено во повикот, од идните волонтери се бара достапност во попладневните часови (17.00-23.00 часот) од 30 март – 7 април 2017 година во Кинотеката на Македонија за време на Главната програма на Фестивалот.

Оние кои сакаат да бидат дел од организацијата на фестивалот, потребно е електронската пријава да ја пополнат најдоцна до 20 март (понеделник) на следниот линк.

„На средбата за запознавање на која ќе бидете повикани ќе ги добиете сите информации околу волонтирањето на фестивалот, а ќе добиете и распоред за присуство на проекциите според вашата достапност. Потребна е достапност на најмалку пет од термините“, стои во повикот за волонтери.

//