Повик за избор за најдобар наставник и професор кои користат отворени образовни ресурси за 2016

Алијансата за отворени образовни ресурси во Македонија, трета година по ред, објавува повик за избор на Нај ООР наставник за основно образование и Нај ООР професор за средно образование за 2016 година. Својот омилен наставник, професор или колега кој користи и создава отворени образовни ресурси во наставата, може да го номинира секој.

Процесот на пријавување трае до 20 јануари 2017. Номинирањето на наставници и професори е онлајн, преку пополнување на следниот формулар.

Кој било може да предложи наставник или професор. Освен основните податоци, при номинирање на кандидатот потребно е да внесете линк до ресурсите на предложениот кандидат.

Откако ќе бидат доставени сите номинации до наведениот рок, истите во рок од 5 дена ќе бидат објавени на веб-сајтот www.oer.mk. Исто како и минатата година, и овојпат гласањето ќе се одвива онлајн, и ќе трае до 10 февруари 2017 (15.00 часот).

Наставникот и професорот што ќе добијат најмногу гласови ќе бидат прогласени за Нај ООР наставник и Нај ООР професор и ќе добијат и учество на третата едуконференција за наставници и информатичари организирана од Пријатели на образованието, а ќе се одржи во април 2017.

За сите прашања поврзани со повикот за избор на Нај ООР наставник и Нај ООР професор заинтересираните можат да се обратат на имејл: contact@oer.mk.