Последните песни на Боуви објавени на неговиот роденден

No Plan, колекција на песни кои се верува дека се последните кои Дејвид Боуви ги снимил пред смртта, беше објавена на денот кој требаше да биде негов 70-ти роденден.

Ново EP со песни од Дејвид Боуви беше објавено на денот кој требаше да биде негов 70-ти роденден. На No Plan се клучени Lazarus, која се наоѓа и на последниот албум на Боуви Blackstar, како и песни напишани за мјузиклот Lazarus: No Plan, Killing a Little Time и When I Met You. Се верува дека се последните песни кои Боуви ги снимил, во периодот кога одржувале сесии за снимањето на Blackstar.

Од новиот материјал, Killing a Little Time има „абразивен хард рок“, а When I Met You е забавен гитарски поп. No Plan е меланхолична џез песна, а за неа има и видео режирано од Том Хингстон, во кое има референци на неговата главна улога во филмот The Men Who Fell To Earth.

На роденденот на Боуви беше одржан и хуманитарен концерт во негова чест, каде илјадници обожаватели се собраа да му искажат чест на починатиот музичар. Настапуваа Сајмон Ле Бон од Duran Duran, Џо Елиот од Def Leppard, како и бендот La Roux.

//