Почина физичарот Стивен Хокинг

Светски познатиот физичар Стивен Хокинг почина на 76 годишна возраст. Британецот, познат по своето дело за црните дупки и релативитетот починал мирно во својот дом во Кембриџ, соопшти неговото семејство.

„Длабоко сме тажни што нашиот сакан татко денес почина. Тој беше голем научник и извонреден човек, чија работа и наследство ќе живеат многу години. Неговата храброст и упорност со неговата брилијантност и хумор ги инспирираа луѓето низ целиот свет. Тој еднаш рече: ‘Ова и немаше да биде некој универзум ако не беше дом на луѓето што ги сакате’. Ќе ни недостига засекогаш“, се вели во соопштението на неговите деца.

Професорот Хокинг е првиот што ја постави теоријата за универзумот како збир на релативитетот и квантната механика.

Преку својата работа со математичар Сер Роџер Пенроус тој покажа дека општата теорија на релативноста на Ајнштајн имплицира дека просторот и времето би имале почеток во Биг Бенг, а крај во црните дупки.

Тој, исто така, откри дека од црните дупки излегува енергија и исчезнува во празно – феномен кој подоцна ќе биде наречен Хокинг зрачење.

Хокинг беше познат и како „чудо на природата“, бидејќи успеал да ги побие сите лекарски предвидувања дека ќе има кус живот, откако на 22 годишна возраст му бил дијагностициран редок вид болест на невролошкиот систем.

Поради болеста тој во инвалидска количка и не можеше да зборува, освен преку синтетизатор на глас.

Научникот се стекна со популарност и надвор од академскиот свет, појавувајќи се во неколку телевизиски емисии. Во 2015 година актерот Еди Редмајн доби „Оскар“ за улогата на Хокинг во филот „The Theory of Everything“, за животот на овој физичар.