По долгата ноќ пред и во ДИК, Комисијата денеска напладне продолжува со работа

Државната изборна комисија денеска од 12 часот треба да продолжи со јавната расправа по поднесените приговори од политичките партии за изборите на 11 декември.

Маратонската седница, полна со расправии и неколку паузи, беше прекината во 3:30 часот, откако ДИК одби седум приговори од Беса. За осмиот, графологот кој требаше да вештачи потпис од гласач стигна во ДИК непосредно пред одлагањето.

Се’ уште не е пронајден записник по образец 15 за едно избирачко место во општина Теарце во Изборна единица 6.

ДИК расправаше и за четири од осумте забелешки на СДСМ. Досегашните приговори беа одбиени, па денеска се очекува расправа и одлуки по останатите.

Јавната седница мина со зголемено полициско обезбедување. Околу 22 часот, неколку стотини граѓани, приврзаници и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, се собраа околу седиштето на ДИК. Таму се извикуваше „УА“, „Македонија“, „Лопови“, „Ќосето е жив“… Се играше оро, пееја патриотски песни, беше запален и огaн за затоплување, а од поставената бина зборуваа функционери. Со ваквиот протест, како што тврдеа, сакаа да „спречат да биде украдена нивната победа“.

Меѓу демонстрантите беа и кандидатите за пратеници Илија Димовски, Антонио Милошоски, Влатко Ѓорчев, Борис Змејковски, Амди Бајрам, Даниела Рангелова. Зборуваше и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, Валентина Божиновска, Филип Петровски

„Тој што е победник да му се потврди победата. Сакаме ДИК да ја потврди победата, тие се платени и да работат по закон, а тој гласи дека суверен е македонскиот граѓанин, а тие со своите гласови застанаа зад платформата за напредна и стабилна Македонија. Победата е наша и наша ќе остане. Трпевме две години ама нема да ги трпиме и понатаму“, порача Милошоски.

Протестот заврши мирно, без инциденти. Луѓето се разотидоа откако ДИК ја прекина седницата. Засега не се знае дали протестот