ПИН 2018 – меѓународна музичка конференција во Скопје

Со звучни имиња од европската музичка индустрија, кои ќе ги презентираат и ќе дискутираат на актуелните теми од музичкиот бизнис, од 29 ноември до 1 декември по петти пат ќе се одржи ПИН музичката конференција во Младинскиот културен центар во Скопје.

„Три дена во Скопје повторно сме домаќини на стотина значајни, актуелни гости и музички дејци од различни земји во Европа и ги ставаме во фокус темите поврзани со македонската и европската музичка сцена, музичката продукција, алтернативната култура, поврзаноста на музиката и политиката, авторските права, „направи сам“ пристапот, фестивалите, медиумите, трендовите од областа“, порачуваат организаторите на Конференцијата.

Влезот на ПИН музичката конференција е бесплатен за сите заинтересирани, со задолжителна претходна регистрација на нивната интернет-страница.

Програмата, темите и гостите на настанот може да ги најдете на следниов ЛИНК.