Отворена изложбата на сликарот Бурхан Амети во Чифте амам

Гостиварскиот ликовен уметник Бурхан Амети синоќа го промовираше неговиот последен опус на самостојна изложба во националната галерија Чифте амам во Скопје. Тој пред публиката се претстави со графики и дела изработени во комбинирана техника на платно.

На отварањето беше кажано дека делата кои се дел од изложбата на посетителите им ја доловуваат убавината на индивидуалното уметничко дело, традицијата, луѓето, нивните социјални врски, нивните очекувања и копнежи.

„Делата на Бурхан Ахмети се карактеризираат со изворна афирмација на сложените графички техники, како сува игла, акватинта, линорез, литографија, дрворез, бакрорез, монотипии, па сè до дигиталната графичка дисциплина, како и со нагласена интелектуалност во пристапот кон визуелната уметност“, оцени кустосот Татјана Бундалевска, од Националната галерија на Македонија.

Ахмети е роден на 18 август 1978 година во гостиварското село Дебреше. Член е на ДЛУМ, добитник неколку награди, учесник на околу стотина ликовни колонии, има реализирано многубројни самостојни и групни изложби.

Изложбата на делата на Бурхан Ахмети во Чифте амам ќе биде отворена до 17 декември.

Извор: МИА