Отворен нов факултет за ИКТ во Битола

На Универзитетот „Св.Климент Охридски“- Битола денеска е отворен Факултет за информатички и комуникациски технологии – ФИКТ.

Отворен нов факултет за ИКТ во Битола

Во него се споени досегашните студиски програми од техничкиот и факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи, а ќе се воведат и нови програми, пренесе МИА.

Ректоратот на Универзитетот е во преговори за ангажман на визитинг професори или со полно работно време од ЦЕРН, Швајцарија, од ПекингКина, од Франклин Универзитет-САД како и од Факултетот за политехнички науки во Берлин-Германија.

– Во новоотворениот Факултет за информатика и комуникациски технологии-ФИКТ ќе биде вклучен и наставниот кадар од досегашниот Факултет за администрација и менаџмент на информациски системи-ФАМИС кој заради згаснувањето е пренасочен и згрижен на ФИКТ каде во новата академска година се запишани 341 студент, рече на свеченоста ректорот Златко Жоглев.