Отворен фестивалот на нов британски филм Play UK

Фестивалот на нов британски филм „PlayUK“ синоќа започна со премиерната проекција на продолжението „Т2 Trainspotting“, во кино Милениум . Тој беше официјално отворен од британскиот амбасадор, Н.Е. Чарлс Гaрет.

 Фестивалот на нов британски филм „PlayUK“, во организација на Британскиот совет од 16 до 19 февруари ќе ја собере филмската публика во Скопје, Белград, Подгорица, Призрен, Сараево и Тирана, премиерно прикажувајќи десет играни и документарни филмови од современата британска продукција.
Документарецот за британското музичко влијание „Човекот од Mo’Wax“, комедија за станувањето возрасен, „Вештините во животот на возрасните“, моќна драма, „Уна“, документарец за ширењето на џихадот во современиот свет, „Признание“, се дел од насловите кои ќе и ги претстават новите сили на британскиот филм на публиката ширум регионот.

„Филмовите кои ќе се прикажат за време на четирите дена во шест градови од регионот во рамките на фестивалот „PlayUK” ја слават човековата издржливост и способноста за изнаоѓање вистински одговори и решенија во тешки времиња“, претходно соопштија организаторите.

Целата програма на фестивалот е достапна на веб-страниците на Британскиот совет во Македонија и на Младинскиот културен центар,