Отворен ден во МНТ по повод Светскиот ден на театарот 27 март

По повод светскиот ден на театарот 27-ми март на големата сцена во Mакедонски народен театар во 21:00 ќе се одигра претставата „Силјан штркот шанца“ од авторот Дејан Дуковски, а во режија на Срѓан Јаниќијевиќ.

За сите љубители на театарот, кои сакаат да го одбележат овој светски ден во МНТ, изведбата ќе може да ја погледнат бесплатно, а билетите треба да ги подигнат еден час пред почетокот на претставата.

На почетокот најавено е дека ќе бидат прочитани македонската порака, која оваа година ја напиша актерот Сашко Коцев, и четирите светки пораки на Сајмон МекБарни – театарски и филмски режисер од Велика Британија, Маја Збиб – театарска режисерка, изведувач, писателка, коосновач на Театарската Куќа „Зукак“ од Либан, Рам Гопал Баџаџ – театарски режисер, театарски и филмски актер, академик, поранешен директор на Националната драмска школа, Делхи – Индија и ВереВере Лајкинг Гнепо – мултидисциплинарен уметник од Брегот на Слоновата Коска од Африка.