Од 1 февруари електронскиот билет од 150 денари ќе биде со две гратис возења

Од први февруари сегашните електронски билетите од 150 денари со пет гратис возења ќе се купуваат по иста цена, но ќе имаат две возења.

Оваа промена доаѓа по големата побарувачка на електронските картички. Од ЈСП велат дека досега вкупно се издадени околу 155 000 персонализирано и над 180 000 неперсонализирани картички.

Тие информираат дека три пати во денот се доставуваат електронски картички до билетарниците со цел да се задоволат потребите. Но, граѓаните не се доволно информирани околу користењето и за нив проблем е тоа што повеќе не се продава билет за едно возење.

Од ЈСП велат дека граѓаните кога ќе ја купат картичката и кога ќе ја потрошат, не треба да ја фрлаат зашто таа се надополнува.

„Само кога првиот пат се купува картичката се плаќаат 150 денари. Кога целосно ќе се искористи граѓаните ја надополнуваат со колку сакаа возења и тоа само во билетарниците. Може да се плаќа и со мобилен телефон“.