Објавени победниците на конкурсот за млади бендови на Пиволенд

Објавени победниците на конкурсот за млади бендови на Пиволенд

Фестивалот Пиволенд ги објави победниците на конкурсот за млади и неафирмирани македонски бендови и артисти, кои ќе добијат можност да настапат на фестивалот. По преслушувањето на материјалите испратени од повеќе од 100 млади артисти групи и диџеи , жири комисијата се одлучи за следните бендови:

Problem solved
Smoke shakers
Tyte (drom records)
Spank
Marlon Brando Bаnd
The Autor

Тие ќе добијат шанса да бидат дел од главната сцена на овогодинешниот фестиваl, кој ќе се одржи од 20 до 24 август на Скопското кале и да настапуваат со познати македонски бендови и артисти како Леб и Сол, Мизар, Д Џон итн.

Поради огромниот интерес од страна на младите македонски авторски бендови , артисти и диџеи , организацијата на Пиволенд реши да направи уште еден стејџ- „Фреш“ на кој ќе можеме да ги слушнеме сите нови имиња чие време допрва доаѓа.