Објавени номинациите за БАФТА наградите – La La Land со 11 номинации

Откако освои рекорден број на Златни глобуси – дури седум, La La Land на режисерот Дејмиен Чазел е номиниран за дури 11 БАФТА награди.

Иако Moonlight на Бери Џенкинс се сметаше за главен конкурент на La La Land, доби само четири номинации.

Наместо тоа, по девет номинации добија научната фантастика Arrival на Денис Вилнев и Nocturnal Animals на Том Форд.

Од британските филмови, I, Daniel Blake на Кен Лоуч води со пет номинации, меѓу кои и за најдобар филм. „Спин офот“ на Хари Потер, Fantastic Beasts and Where to Find Them, исто така е номиниран во пет категории.

Изненадувачки, Silence на Мартин Скорсезе не доби ниту една номинација, а британскиот филм American Honey доби само една.

Номинациите ги објавија ѕвездата на серијата Game of Thrones, Софи Тарнер, и Доминик Купер од The Preacher. БАФТА наградите ќе се одржат во Кралската хала Алберт на 12 февруари, а водител ќе биде Стивен Фрај. Комплетната листа на номинации може да се најде на овој линк.

//