Нов материјал на Принс ќе биде објавен наредната година

Досега непознати песни на Принс, заедно со ново „делукс“ издание на албумот Purple Rain, ќе бидат пуштени во продажба на почетокот на 2017 година.

Делукс издание со три ЦД-а, на кое ќе се најдат и многу од песните најдени во прочуениот сеф на починатиот музичар, ќе се биде пуштено во пазар наскоро.

Првото од трите изданија е компилација од неговите најголеми хитови, Prince 4Ever, составена од 40 најпознати песни на Принс, како и една досега непозната песна, Moonbeam Levels, ќе почне пак да се продава од 22 ноември.

Веднаш после компилацијата, на полиците во музичките продавници ќе се најде реиздание на класикот Purple Rain од 1984 година, во април, според плановите на кои „Принс се согласил пред да почине“.

Третиот албум пак, ќе се состои од досега необјавени песни, а се шпекулира дека ќе биде прв од многу вакви. Минатата недела беше јавено дека илјадници часови со непознат материјал снимен од Принс во текот на изминатите четири децении се дадени на продажба на продуцентските куќи.

Сите три најголеми издавачи се во преговори за правата над сефот на Принс, а се зборува за суми од 35 милиони долари.