Научници развија метал кој прави водата да отскокнува

Истражувачи од Институтот за оптика при Универзитетот во Рочестер, предводени од професорот Chunlei Guo, развија нов тип на хидрофобна површина која предизвикува капките вода да отскокнуваат.

За разлика од претходните хидрофобни површини кои се базираа на привремени хемиски облоги како тефлон, оваа супер-хидрофобна површина е создадена од гравирани микроскопски структури во метал со помош на ласери.

Овој метал понатаму би можел да се користи во авионските крила кои се отпорни на одмрзнување или тоалет на кој нема да му биде потребна вода.

Извор: Colossal