Натпревар на „Младите можат“: Ослободи ја идејата!

„Младите можат“ во рамките на проектот „Ден на младински активизам”, организира повик за учесници на натпреварот „Ослободи ја идејата”.

Повикот е отворен за сите млади кои ќе детектираат проблем и ќе предложат идеја за иницијатива во една од следните области: младински активизам, образование, животна средина, човекови права.

Учесниците на натпреварот треба да состават тим од 3 до 5 млади лица на возраст од 16 до 22 години и да предложат креативно решение за иницијатива во однос на некоја од гореспоменатите области.

Рокот за аплицирање е од 14.03 до 03.04 а по истекувањето на рокот за пријавување, секој пријавен тим ќе добие свој ментор за консултации.

На 18 април секој тим ќе има свое излагање на кое ќе ја презентира својата идеја за иницијатива. На настанот ќе се гласа за најдобрата идеја водејќи сметка за: релевантност, иновативност и изводливост на идејата.

Наградата која ќе ја добие победничкиот тим се содржи од седумдневно патување надвор од земјата за сите членови на тимот и поддршка од „Младите можат“ за имплементирање на понудената идеја.

Повеќе информации за натпреварот може да се најдат на следниот линк.