Настап на танчарска група од Велика Британија за подигнување на свеста за лицата со Даунов синдром

По повод месецот за подигнување на свеста на јавноста за поддршка на лицата со Даунов синдром, Центарот за младински активизам „Крик“ организира танцувачко караоке со Culture Device Dance Project, танцова група од Велика Британија.

Во петок (21.10) со почеток од 21:30 часот танцувачко караоке во Шот Бар Безистен ќе настапи оваа иновативна, експериментална и oригинална компанија за професионални танчери со Даунов синдром. Компанијата користи техники на импровизација и експериментални електронски звуци во обидот да помести граници во полето на современа кореографија и да понуди професионална, уметничка и креативна платформа за танчери со Даунов синдром.

Воедно, ќе настапи и Даниел Ваис, талентиран танчер кој ќе го води танцувачкото караоке.

Пред танцувачкото караоке на малата сцена во Македонска Опера и Балет истиот ден со почеток во 20 часот, Сара Горди која е актерка, модел и танчерка, ќе има свој настап.