Најголемиот цепелин во светот кој беше исмеван на социјалните медиуми е подготвен да полета

Најголемото летало на светот, цепелинот Airliner 10 ќе биде тестиран во Велика Британија во текот на наредниот месец.

Airliner 10 е комбинација меѓу авион, хеликоптер и воздушно летало. Именуван е според неговата способност да пренесува 10 тони, долг е 92 метри и може да пренесува 50 лица со најголема брзина од околу 146 километри на час, и покрај тоа што е широк 43 метри и висок 26 метри.

Може да лета цели три недели и да работи и на екстремни температури, поради што е и безбедно летало за спасувачки операции.

Процесот на конструкцијата и тестирањето често беше следен од медиумите во Британија. Оваа фотографија, направена на 28 февруари предизвика доста исмевање и шеги на сметка на дизајнерите на цепелинот потади неговиот облик.

Првиот лет на цепелинот ќе се случи во март.

Извор: Independent