Награден конкурс за кратки филмови на тема „Се грижам за животната средина“

Приватната гимназија „Алгоритам“, во соработка со продукциската куќа „Наше Маало“, распишува награден конкурс за изработка на краток филм. Право на учество имаат сите ученици од основните училишта во Република Македонија. Конкурсот е дел од годинешното издание на Кинофест Алгоритам – училиштен фестивал за кратки филмови.

Правила за пријавување:

–     Учесниците на фестивалот можат да учествуваат со филмови во кој било жанр;

–     Темата на фестивалот е „Се грижам за животната средина“;

–     Изработениот краток филм може да има еден (1) автор;

–     Филмовите можат да бидат снимени со видео камера, мобилен телефон или фото-апарат;

–     Секој автор може да испрати најмногу два (2) филма;

–      Снимениот  материјал  треба  да  биде  оригинален,  да  не  ги  прекршува  начелата  на авторската сопственост и да не повикува на насилство и нетолеранција;

–     Времетраењето на филмовите да не е подолго од 7 минути.

Краен рок за пријавување е 23–ти мај 2017 година.

Изработениот краток филм треба да се достави до гимназијата „Алгоритам“ на ЦД/ДВД/УСБ, заедно со следните податоци: Наслов на филмот, име и презиме на авторот на филмот, адреса, контакт телефонски број, училиште, возраст/одделение и име и презиме на менторот.

Гимназија Алгоритам

ул. „Даме Груев“ бр. 16, БЦ Палома Бјанка, 6-ти кат

1000 Скопје

Со назнака: КИНОФЕСТ АЛГОРИТАМ 2017

Сите пристигнати кратки филмови ќе бидат достапни на интернет страната на гимназијата.

Најдобрите кратки филмови ќе бидат наградени, а наградите свечено ќе бидат доделени во просториите на гимназијата.

//