Над 60 здруженија на третиот НВО Саем во МКЦ

Волонтерскиот центар Скопје по трет пат организира Саем за невладини организации. Годинава ќе се одржи во среда (6 декември) во Младинскиот културен центар.

Темата е „Активно граѓанство = подобро општество“. Саемот се одржува по повод 5-ти декември, Меѓународниот ден на волонтерството.

На саемот е предвидено своја презентација, во форма на штанд, да имаат здруженија или фондации што се регистрирани на територија на Град Скопје, како и организации или
фондации што не се регистрирани во Скопје, но дел од своите активности ги спроведуваат за бенефит на граѓаните на Скопје.

За подобро вмрежување на присутните здруженија, предвидени се три тематски мини – форуми, преку кои организациите ќе имаат можност подобро да се запознаат со активностите
на други сродни здруженија и ќе имаат прилика да дискутираат за идеи околу понатамошна соработка.

Своето учество го потврдија 68 здруженија/фондација. Саемот ќе започне во 10 часот.