Музика во Планетариум: Beach House 

Драги пријатели и љубовници, Малата Мечка ве кани на сентиментално патување, стои во најавата за денешниот настан наречен „Музика во Планетариум“.

На настанот во Планетариумот e најавенa музика од американскиот бенд „Beach House“ со две слушачки сесии од 21 и 22 часот.

Мајстор на проекција е Даниел Анастасов, а билетите чинат 100 денари и се достапни на билетарата на МКЦ. Капацитетот на планетариумот е строго ограничен.