Музејот на „Војна на ѕвездите“ ќе се гради во Лос Анџелес

После неколку години преговори за тоа во кој град ќе се изгради огромниот музеј посветен на филмот Star Wars, одлучено е да се наоѓа во Лос Анџелес.

Музејот, чие официјално име е Lucas Museum of Narrative Art (Лукасов музеј на наративна уметност), ќе биде дом на популарна уметност, илустрации, стрипови и личната колекција на Џорџ Лукас од неговите, но и други филмови. Ќе се наоѓа во Паркот на изложбите во близина на Универзитетот на Јужна Калифорнија, објавија од музејот вчера. Неофицијално го викаат Музеј на „Војна на ѕвездите“, и покрај огромниот број на други поставки и колекции кои не се поврзани со франшизата.

Речиси една милијарда долари од личното богатство на Лукас ќе бидат вложени во музејот, што е половина од двете милијарди кои режисерот ги доби кога Дизни ја откупи неговата продукција Lucasfilm.

Во личната колекција на Лукас има 40 илјади слики и реквизити од филмови, како сценарија и костими од филмови како The Wizard of Oz, Casablanca и голем дел од предметите употребувани во Star Wars.

Главен конкуренрт на Лос Анџелес за домаќин на музејот беше Сан Франциско. Од музејот велат дека „решението за локацијата била особено тешка одлука, поради посакуваноста на двата града“.