Muse потврди, насловот на новиот албум е „Drones“

Со серија фотографии на Instagram, музичката група Muse потврди дека насловот на нивниот нов седми албум е „Drones“.

На фотографиите се прикажани насловни страници од списание во кое зборовите и очите на членовите на групата се изгребани, како и хаштагот #MuseDrones.

Минатиот месец, групата сподели видео од студиото со што го најавија насловот. Видеото од десет секунди прикажуваше син и црн екран на кој пишува „Артист: Muse; Албум: Drones.

Седмиот албум на Muse треба да излезе оваа година. Групата го снима продолжението на албумот „The 2nd Law“, објавен во 2012 година, со продуцентот на AC/DC, Mutt Lange.

A video posted by @muse on

Извор: NME