МОН: Учебната година ќе почне на 4 септември

Министерството за образование и наука (МОН) ја известува јавноста дека учебната 2017/2018 година за јавните основни и средни училишта ќе започне на 4 септември (понеделник).

Почетокот на учебната година се поместува поради поклопувањето со празникот Курбан Бајрам, кој е на 1 септември, и кој е неработен за сите граѓани.

„Календарите за организација на учебната 2017/2018 година во јавните основни и средни училишта ќе бидат објавени во Службен весник на Република Македонија“, соопшти Министерството.