Масовен протест пред МОН: „Сега ќе нè слушнете!“

„ Сега ќе не слушнете“ скандираат студентите и средношколците. Илјадници лица стигнаа пред Министерството за образование, на третиот најмасовен средношколски марш поради лошите образовни реформи.

Цитирајќи го новинарот Никола Младенов, студентите и средношколците им порачаа на надлежните дека не сакаат да бидат „збирштина од безрбетници“ и ги повикаа наставниците и пробесорите „да не си ја ставаат како ној главата во земја“.

Блог во живо@ Средношколски марш

„Сведоци сме дека овие три недели си имавме рабора со полтрони. Студентите застанаа на браникот на поддршката и солидарноста. Нема квалитетно високо образование без квалитетно средно образование. Свесен ли сте министере дека не бркате од сопствената земја“, порачаа говорниците од редот на средношколците и студентите пред МОН.

На средношколците и студентите , како што јавуваат репортерите на Радио МОФ им се придружија бројни наставници, родители, професори, но и граѓани кои сакаат на овој начин да им дадат поддршка на учениците.

Додека се држат говорите, МОН е под силно полициско обезбедување, како надвор, така и внатре.