КуЛа отвори повик за работилница за шиење

Културниот центар „КуЛа“ отвора повик за учество на работилница за креативна употреба на шивачката техника. Повикот е отворен за сите заинтересирани млади луѓе кои сакаат да дознаат повеќе за модерната имплементација на овој стар занает.

Работилницата ќе се одржува во „КуЛа“, од 14 – 16 март, а ќе трае од 12 – 18 часот. Ментори ќе бидат Бранкица Јордановска,Тамара Иванова и Мирјана Веселиновиќ.

Според организаторите, целта на работилницата е да соедини млади и креативни луѓе и да им овозможи учење на основните техники во областа на шиење, плетење, кроење и декорирање.

Производите кои ќе се изработуваат ќе бидат предмети од типот на торби, ранци, навлаки за мобилни телефони, корици за скеч-букс. По завршувањето на третиот ден од работилницата ќе следи изложба на изработените производи.

На работилницата која е подржана од Холандската Амбасада во Скопје, заинтересираните можат да се пријават со испраќање на пополнета апликација заедно со кратка мотивациона изјава (до 50 зборови) на workshop@ku-la.org најдоцна до 10 март. За учество во работилницата не е потребно предходно искуство во оваа област, но бројот на учесници во работилницата е ограничен на 20.