Контра – протести во Барселона за шпанско единство

Стотици илјади демонстранти беа дел од митингот за шпанско единство во Барселона откако регионалниот парламент прогласи независност на Каланија, по што централната влада во Мадрид и ја одзеде автономијата. Протестот се одвиваше под мотото „Каталонија сме сите ние“, а демонстрантите маршираа низ центарот на градот. Според организаторите, цел на маршот е да се одбрани единството на Шпанија и да се отфрли „нападот без преседан во историјата на демократијата“.

Многу од оние кои протестираа во најголемиот град во регионот извикуваа дека каталонски лидер Карлес Пуигдемонт треба да биде затворен. Пуигдемонт претходно беше разрешен бидејќи централната влада на Шпанија ја презеде контролата врз институциите во Каталонија. Денеска, министер во Белгија му понуди политички азил во оваа држава

За бројката на луѓе кои излегоа на овој протест каталонската полиција соопшти дека имало најмалку 300.000 луѓе. Од друга страна, организаторите и владата во Мадрид пребројуваат над милион лица.

Пред два дена Kаталонскиот парламент изгласа отцепување на Каталонија од Шпанија. Веднаш по гласањето, сенатот на Шпанија му дозволи на Мадрид да преземе директна контрола над Каталонија, го разреши претседателот на регионот, Карлос Пучдемонт и неговите извршни директори. Шпанскиот премиер Маријано Рахој тогаш објави дека неговата влада презеде директна контрола над Каталонија, ја распушти својата влада и распиша нови регионални избори за 21 декември.

Шпанија ја доживува својата најдлабока криза во последниве децении откако Каталонците го одржаа нелегалниот референдум за независност на 1-ви октомври. Каталонските власти изјавија дека околу 90 отсто од оние што гласале на референдумот избрале независност. Меѓутоа, анкетите покажаа дека малцинството од 40 проценти се залагаше за поделба, а многумина кои не се за независност го бојкотираа референдумот.