Конкурс за стипендии за млади активисти

Фондациите Отворено општество објавуваат отворен конкурс за стипендии за сите динамични младински активисти на возраст помеѓу 18-30 години. Тие треба да се заинтересирани да спроведат сопствени проекти кои афирмираат поврзаност помеѓу LGBTQIA (лезбијки, геј, бисексуалци, транссексуалци, квир, интерсексуалци и асексуалци) и ромската заедница, вклучувајќи ги и повеќеслојните форми на дискриминација со кои се соочува заедницата во здравствените установи.

Проектите треба да се фокусираат на која било област од здравствените права релевантни за младата LGBTQIA ромска заедница, вклучувајќи ги и сексуалноста, репродуктивните права, попреченост, квалитет на живот како и пристап до здравствени услуги.

Преку овие стипендии, Фондациите Отворено општество овозможуваат поддршка на младите луѓе во почетната фаза на развој на идеи кои ќе придонесат во совладувањето на предизвиците во нивните заедници, а воедно ќе ги промовираат вредностите на отвореното општество.

Апликантите можат да употребат една или повеќе комбинирани стратегии кои ќе им помогнат во остварувањето на целите поставени во нивните проекти.

Целиот повик може да го прочитате на следниот ЛИНК.