Концерт на Sethstat и Мирко Попов во МКЦ и промоција на албумот „Се Плашам од Македонци“

Култниот македонски џез состав Sethstat и познатиот диџеј и музичар Мирко Попов, на 5 март, во киното Фросина, MКЦ ќе имаат настап и концертна промоција на албумот „Се Плашам од Македонци“.

Албумот кој е вистинска музичка авантура,  е резултат на неочекуваната, но интересна и необична соработка на Sethstat, Мирко Попов и Никола Коџабашија.

Првиот сингл од овој албум, композицијата „Кругови“ беше прогласен за сингл на годината 2014, според култното музичко радио Канал 103.