Концерт на мешаниот хор на Уметничкото училиште „Лука Соркочевиќ“ од Дубровник

Целовечерен концерт, во траење од 45 минути на Мешаниот хор на Уметничкото училиште „Лука Соркочевиќ“ од Дубровник во Домот на култура „Кочо Рацин“  Скопје – нов салон сутерен, ќе се одржи вечерва, со почеток во 19.30 часот.

Концертот е реализиран во организација на Заедницата на Хрватите во Македонија во соработка со Музичко едукативниот центар „Енсо“ и со поддршка на Домот на култура „Кочо Рацин“ – Скопје.

На програмата ќе бидат изведени делата од К.Колбе, Златко Камењарина,Владо Сунко, З.Шпољар,Т.Ухлик, А.Марковиќ, Kрешимир Магдиќ и Трад

Помеѓу двата дела од концертот ќе настапи и младиот музичар од Р.Македонија Оливер Јаничијевиќ, студент на Музичко едукативниот центар „ Енсо “ во Штип. Ова гостување од Дубровник, ја продолжува традицијата на плодотворна соработка помеѓу двете земји и двата града Дубровник и Скопје, како и соработката со Ј.У Дом на култура „Кочо Рацин“ кој беше организатор на гостувањето на Квартетот „Соркочевиќ“ од Дубровник кој настапи на повеќе целовечерни концерт во Скопје, Битола и Охрид.

Тогаш македонската публика имаше можност да ја проследи изведбата на делата од Бах, Хајдн, Дитерсдорф, Бетовен, Росини, Били, во изведба на Инес Ивањек на флејта, Слободан Бегиќ на виолина Денис Ајдуковиќ на контрабас и Нена Ќорак на пијано.

Со ова гостување таа плодотворна соработка со Дубровник, продолжува, а по овој повод публиката ќе има можност да проследи повеќе дела на хрватски автори во „а капела“ изведба на мешаниот хор од Уметничкото училиште „Лука Соркочевиќ“ од Дубровник кој брои 27 ученици на возраст помеѓу 16 до 27 години, под раководство на ментор проф Маја Марушиќ.