Кинезите за прв пат клонираа мајмуни

Кинески научници клонираат мајмуни користејќи ја истата техника со која пред две децении беше клонирана овцата Доли.

Мајмуните Џунг Џунг и Хуа Хуа, од родот Макаки, се родени пред осум недели и се клонирани од не- ембрионски клетки, преку соматско клеточен нуклеарен трансфер (SCNT). Ова значи пренесување на јадрото на клетката, која ја вклучува неговата ДНК, во јајце кое го отстранува неговото јадро.

Истражувачите на Институтот за невронски мрежи во Шангај, при академијата на науките во Кина, велат дека нивната работа треба да биде благодет за медицинските истражувања, со тоа што ќе биде можно да се проучат болести во популациите на генетски униформирани мајмуни.