Јоханес Хан: За насилство нема место во Парламентот

Еврокомесарот Јоханес Хан преку својот Твитер-профил најостро го осуди нападите на пратениците во Собранието на Република Македонија.

„За насилство нема место во парламентот. Демократијата мора да го има својот тек“, напиша Хан на Твитер.

Исто така, се огласи и амбасадорката на ОБСЕ во земјава, Нина Соумалаинен:
„Тензична ситуација во Скопје, насилството треба да прекине, полицијата треба да ја осигура безбедноста на парламентот и пратениците“.

Претходно, амбасадори од повеќе земји апелираа на дијалог, а не на насилство. „Апелираме до сите страни да се воздржат од потпалувачка реторика и од активности кои можат да ги разгорат работите. Исто така, апелираме дека полицијата има одговорност за воведување на редот“, рекоа дипломатите.