Јавна дебата „Нови универзитети за подобро образование?“ денеска на Правниот факултет

Студентскиот пленум организира јавна дебата на која ќе се дискутира дали нови државни универзитети би донеле подобро образование. Дебатата ќе се одржи денеска (11 февруари) во 18 часот, во просториите на Правниот факултет „Јустинијан Први“.

Дебатата е поттикната од отворањето на нови државни универзитети, додека студентите не учествуваат во донесувањето на одлуките на собраниската комисија за образование, пишува Студентски пленум на официјалната покана.

Поканети говорници се Илија Димовски, Стефан Богоев, Ермира Мехмети, Орхан Ибраими, министерот за образование и наука Абдиљаким Адеми, проф. Каролина Ристова – Астеруд, проф. Тања Каракамишева, Иван Бабановски, полковникот  Орце Поповски и потполковникот Методија Величковски. Засега присуство на дебатата има потврдено само Стефан Богоев.

Дебатата ќе биде од јавен карактер, а поканети се сите студенти и граѓани кои сакаат да учествуваат во дискусијата.