Јавен повик за уметнички престој во Скопје за двајца уметници

Во рамки на активностите на проектот „КРЕАРТ“ – Мрежа на градови за уметничко творештво, Град Скопје објавува отворен повик за уметнички престој во Скопје, што ќе се одржи од 20 мај до 20 јуни 2018 година.

Повикот се однесува за уметнички престој и работа во Скопје за двајца уметници, еден уметник кој живее и работи во Скопје и еден уметник кој доаѓа од 11-те градови, учесници во проектот (Ливерпул, Ваљадолид, Џенова, Лече, Клермон-Феран, Руен, Загреб, Каунас, Лублин, Катовице и Авеиро).

Уметниците треба да работат во просториите на ЈУ „Културно информативен центар“, во периодот од 20 мај до 20 јуни, а на крајот од престојот ќе се организира изложба со новосоздадените дела.

Организаторот, ќе ги покрие патните трошоци и сместувањето за уметникот кој доаѓа од мрежата на градови„КРЕАРТ“, ќе бидат покриени локалните патни трошоци, дневни трошоците до 100 евра и ќе бидат обезбедени материјали за работа до 500 евра. Секој уметник ќе добие 250 евра како авторски надомест за изложбата која ќе се организира со уметнички дела направени за време на престојот.

Пријавувањето за учество од заинтересираните уметници е директно преку веб- сајтот на проектот и се врши директно со пополнување на апликација на следниот ЛИНК.

Рокот за пријавување е до 20 април 2018 година.