Изречена највисоката казна за демонстрант од протестите на 5 мај

Кривичниот суд во Скопје денеска ги прогласи за виновни двајцата демонстранти кои учествуваа на протестите од 5 мај пред Влада, а кои претходно не ја признаа вината.

Едниот од демонстрантите ја доби најголемата казна за учество на овие протести, а тоа е затворска казна во траење од 2 години и 4 месеци, додека вториот доби условна казна од 7 месеци затвор која нема да се реализира доколку во рок од 2 години не стори ново кривично дело.

Тие се товарат за кривичното дело „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службени дејствија“. Двајцата демонстранти од оваа група, кои ја признаа вината добија условна казна од три месеци затвор.

Судот досега изречи две затворски казни, од кои едната ја доби вујкото на Мартин Нешковски бидејќи бил осудувал за слично дело, како и 13 други условни казни.

Протестите од 5 мај се одржаа откако опозициската партија СДСМ објави „бомби“ за случајот Мартин Нешковски со кои обвини на релативизирање на случајот од страна на владини функционери.