Хуманитарен концерт за 29-годишниот Бобан со редок вид на карцином

Студентите од Факултетот за музичка уметност организираат уште еден хуманитарен концерт на 27 октомври, со почеток од 20:30 часот  во концертната сала на факултетот. Овој пат, станува збор за 29-годишниот Бобан Теовски со дијагностициран Аденоидно цистичен кардином, редок вид на карцином.

„По повикот на колегата Филип Пешевски да се вклучиме на дадениот апел, повторно за краток временски период се собраа колеги кој ја прифатија поканата за учество на овој хуманитарен концерт. Студентите кои ќе настапат на концертот се  дел од вокално инструменталниот оддел од прва до четврта година а некој од нив веќе и дипломирани. И овој пат, кај колегите преовладуваа желбата и потребата да се помогне, па се надеваме дека со овој концерт  ќе бидеме една од тие  подадени раце за помошта која му е потребна на Бобан“, велат студентите од ФМУ.

Ова е веќе втор концерт на студентите  од ФМУ кој е со хуманитарен карактер.

Тие се надеваат  дека  на 27 -ми  (четврток) концертната сала ќе биде исполнета  со публика која  сака да помогне и да  ужива во класичната музика.

„Не постојат никави потешкоти кога станува збор за реализација на ваквите концерти бидејќи да се биде дел од оние кои безрезервно сакаат да помогнат е задоволство. Со учеството и  организацијата  на студентите  од  ФМУ се надеваме дека даваат  поттик за превземање на други хумани чекори каде помошта е повеќе од потребна“, посочуваат студентите.

На програмата ќе бидат изведувани дела на W.A. Mozart, G.Donizzeti, C.Ѕ. Ѕaens, R.Schumann, G.Puccin и други. Билетот за концертот  ќе изнесува 100 денари и посетителите  ќе можат да го купат на самиот влез пред  концертната сала.

На концертот ќе настапат:

Марија Лебамова (гитара); Тина Ристеска (сопран); Марија Николовска (пијано); Ива Дамјановски (пијано); Тамара Коминовска (пијано);Катица Мишевска (сопран); Филип Пешевски(баритон); Јоана Ристеска (гитара); Магдалена Тодоровска (сопран); Марко Гапо (баритон); Благоја Василевски (хорна); Марко Димовски (баритон); ГорјанаСтојановска (пијано); ИлијаИваноски (пијано); МаркoЦветковски (гитара); Магдалена Антиќ (сопран); Александра Чуруковска (контрабас); Динко Стипаничев (контрабас); Коста Стеваноски (контрабас); Кристијан Кожумановски (контрабас); Јаворка Витанова (сопран); Доминика Робе (пијано); Демир Кантуровски (труба).