Харвард, Јејл и Стенфорд го тужат Трамп поради „забраната за муслимани“

Универзитетите Харвард, Јејл и Стенфорд се меѓу 17-те елитни високообразовни институции кои поднесоа тужба кон Доналд Трамп, поради неговата извршна одлука да забрани влез во САД за државјани на седум муслимански држави.

Универзитетите велат дека забраната се заканува на нивната можност да привлечат интернационални студенти и академици, кои им се потребни за да ги постигнат своите цели во „едуцирање на лидерите на иднината од сите страни на светот“.

Документите ги поднеле во понеделникот во федерален суд во Њујорк.

Трамп потпиша извршна одлука на крајот на јануари, со која го блокира влезот во САД на граѓаните на Иран, Ирак, Либија, Сомалија, Судан, Сирија и Јемен.

Наредбата спречи сириски бегалци да влезат во државата на неодреден рок, и ги забави процесите на програмата за прием на бегалци за 120 денови.

Во заедничко соопштение, 17-те универзитети напишаа: „Преку забрана на луѓето слободно да патуваат од и до оваа земја, извршната одлука ги поделува студентите и нивните семејства, ја попречува можноста на американските универзитети да ги избираат најдобрите интернационални таленти, и ја загрозува слободната размена на идеи“.

Повеќе од 42000 академици, меѓу кои 62 Нобелови лауреати и 813 членови на националните академии на САД, изразија противење на забраната за патување.