Гугл Драјв стана популарна алтернатива за Пајрат Беј

Во изминатава година од интернет беше отстранета пиратската платформа Kickass Torrent, а основачот Артем Ваулин беше уапсен. Кратко потоа, беа затворени и страниците Torrentz.wu и TorrentHound. Но, иако Пајрат Беј е сè уште тука „на фронтот“, „пиратите“ користат невообичаена алтернатива: Гугл Драјв.

Холивудските студија и музичките продукциски куќи, како и разни сопственици на авторски права имаат поднесено повеќе од 5.000 барања за отстранување на содржина од „облакот“ за податоци на Гугл, јавуваат медиумите.

Услугата на Гугл има различни правила против ваков тип на илегално споделување на содржини, но „пиратите“ изнаоѓаат различни начини да се справат со тоа. Често го користат Драјв за да споделат линкови за преземање за видео и аудио податоци, а понекогаш само споделуваат празни линкови со ембедирани Јутјуб видеа за да одбегнат да бидат детектирани.

На истиот начин порнографските веб страници „криумчареа“ видеа на Јутјуб во јануари.

За да избегнат да бидат фатени, пиратите ги прават сите овие клипови „unlisted“ и ги дистрибуираат на различни тајни форуми, затворени Фејсбук групи и различни платформи за дискусии. На тој начин за Гугл и сопствениците на авторски права е многу потешко да ги откријат и обележат овие податоци.