Германски пар прими 24 бегалци и го опишува „разочарувачкото” искуство

Dirk Voltz од Берлин и неговиот партнер Марио во текот на јули примиле 24 бегалци во својот стан. Деновиве Voltz на Фејсбук напиша објава за искуството со бегалците, каде забележува дека се било поинакво од неговите очекувања , како и дека е разочаран од ова искуство. Во интересниот текст Voltz пишува дека ниту еден од бегалците не го ограбил, нападнал него или неговиот партнер, како и дека се живи и воопшто неповредени.

„Од јули, јас и мојот партнер примивме 24 лица од Сирија, Авганистан и Ирак во нашиот дом во Берлин. Нашите ножеви се се уште во кујната, каде што ги оставивме пред да дојдат нашите гости од Ирак и Сирија.

Никогаш не ни требаше клуч од нашата спална, освен кога драгите гости од Авганистан сакаа да си играат со нашите мачки. Нашите четири стари и дебели мачки имаат вистинска забава.

Но, да се вратиме на ножевите: Се она што беше исечено со нив, неделите кога вдомивме бегалци во нашиот дом, беа кромид, лук и многу месо.

Марио и јас сме се уште живи. Дури и поживи од претходно. Дали некогаш ќе се вратиме во „нормала“, не би знаел. Зарем може да се грижам за луксузните дрдорења од вчера?“

Тој пишува дека ниту еден од неговите гости не рекол дека шеријатскиот закон е подобар од германскиот закон, и дека никој од нив немал проблем тоа што тој и неговиот партнер делат ист кревет.

„Навистина, по ѓаволите, што се случува овде?

Немаше муслимани што сакаа да не убијат на спиење. Никој не не навреди бидејќи сме двајца мажи и делиме еден кревет. Никој, никогаш не рече дека го претпочита шеријатскиот над германскиот закон. Не сретнавме ниту еден човек кој не жали поради тоа што го напуштил својот дом.

Единственото лошо искуство на кое може да се сетам е дека нашите нови пријатели користеа многу сол и шеќер. Па, купивме од продавница и тоа беше се“.

Тој вели дека досега не видел ниту еден страшен ефект на исламизацијата, за што претходно многу размислувал. Вистинското разочарување, додава, дошло од навредливите текстови, смртни закани и навредливи писма на влезната врата.

„Каде е таа исламизација за која луѓето во Германија се толку загрижени во изминатите недели?

Можеби е заглавена на балканската маршута, некаде. Таму е,  ако ги прашате т.н. „загрижени граѓани” на Германија … дефинитивно. Ако не е сега, ќе биде во 2016 година, 2017 година, 2018 година …

Вистинското разочарување едојде во форма на текстуални пораки, закани по живот на улица, или навредливи писма на влезната врата.  Или едноставно од школските другари кои плачат и ја цитираат Германската десничарска политичка партија AfD.

Наместо да се справуваме со кризата, ние се однесуваат како да не постои утре. Разбудете се конечно!
Како некој да може да ја запре оваа миграција на луѓето. Како ние лично да може да влијаеме која војна ќе избувне. Како сите ние да немаме одговорност во случувањата во светот.

Можно е исламот да не и припаѓа во Германија. Исто така е можно ѓаволот да е дел од секоја религија. Можеби и јас ќе треба да се борам за своите права како хомосексуалец во следните десет години, многу посилно од тоа што го правам сега. Исто така е можно да сфатам, во одреден момент, дека сум направил грешки.

Се е можно, ништо не е сигурно. Којзнае што ќе се случи еден ден? Она што сигурно го знам е дека тоа што се случи минатото лето и оваа есен ги смени нашите животи. Можете да бидат таму за другите луѓе. Или можете да се плашите. И ако тоа се случи, жал ми е. Жалам за оние кои живеат во страв“.

Voltz за германскиот „BuzzFeed “ вели дека тој и Марио примиле толку бегалци бидејќи не сакале да ја вртат главата и да лелекаат за состојбата во Берлин.

„Видов страшни работи на улиците во Берлин“, вели тој. „ Пријателите и колегите се плашеа од бегалците во нашиот дом. Но кога еднаш ќе дојдеа, не беа повеќе исплашени“.

Во моментов берлинскиот пар нема бегалци во домот, но најавуваат дека тоа ќе се промени во ноември.