[Галерија] Штрајкот против полициска бруталност во Барселона

Во вторникот, 15.000 граѓани на Барселона протестираа против насилните тактики кои шпанската полиција ги искористи за време на референдумот за независност во недела.

Во вторник, 3 октомври, два дена после референдумот за независност на Каталонија, илјадници Каталонци изглегоа на генерален штрајк. Излегоа на улица за да протестираат против полициската бруталност која се случи за време на референдумот. Шпанските специјални единици го блокираа патот до гласачките места користејќи палки и гумени куршуми за да ги спречат гласачите да го дадат својот глас. Најмалку 844 граѓани и 33 полицајци беа повредени во текот на денот.

Многу од работнилките синдикати, училиштата и продавниците во Каталонија го поддржаа протестот, вклучително и фудбалскиот тим Барселона.

Во просек 15.000 протестанти се собраа во градот, а многумина од нив престојуваа пред локалниот штаб на Шпанската национална полиција.

Каталонскиот претседател, Карлс Пуидемон, објави дека во понеделник Каталонија ќе прогласи независност од Шпанија откако одржа референдум, бидејќи Мадрид го одби барањето за посредство во решавањето на кризата.